Preventus



Thu05232013

Последна промена11:23:19 AM GMT

Share

Одговори

Мензис на 20тиот ден

Од: Мери

Прашање:

Дали е можно и нормално да се добие мензис на 20тиот ден, а претходно имав болки во градите како нормално понекогаш.

Ве молам за одговор, благодарам.

Одговор:

Мери,

Се случува да прескокне овулација и да се појави нередовна менструација и при најнормални циклуси во текот на една година.

Искрено,

д-р Татјана Гуржанова, гинеколог-акушер

Ешерихиа коли на цервикс и матка

Од: Христина

Прашање:

Почитувани здраво,
однапред се заблагодарувам за посветеното внимание.
Имам едно многу важно прашање, дијагностицирана ми е ешерихиа коли на цервикс и матка, ја лекував подолг период, 3 месеци и немаше промени. Дали смеам да останам трудна и која е опасноста од бактеријава за плодот и мене самата... Разни мислења слушав... И дали е можно да дојде до абортус... да угине плодот од неа...
Ке ми помогнете многу.
Поздрав,

Одговор:

Христина,

Може да дојде до предвремено раѓање, и во ретки случаи да дојде до спонтан абортус во првите месеци. Треба да се лекува по антибиограм

Искрено,

д-р Татјана Гуржанова, гинеколог-акушер

Крварам од пенисот

Од: Роланд

Прашање:

Сакам да прашам ако може и знае некој да ми одговоре веке неколку пати после нормален однос крварам од пенисот поточно од отворот ми паѓаат капки крв, не чуствувам никакви болки се осекам здрав дали знае некој од сто би било така?Однапрет благодарам поздрав.

Одговор:

Почитуван,

Појавата на крв после однос секако не е нормална појава. Истата е исклучително ретка појава, но немора да значи дека станува збор за сериозна работа. И ретрорагијата без траума/повреда бара дополнителни испитувања пред се мокробиолошки анализи.

Посетете уролог за да се направи преглед и анамнеза.

Со  почит,

д-р Сотир Ставридис, уролог

Срцето ми прелапува

Од: Ирена

Прашање:

Епа вака.... Осеќам дека ми прелапнува срцето и тоа константно, кога ќе ми прелапни како здивот да ми го зема и во пулсот кај раката се секава како да си чука нормално па како пауза и си продолжва нормално да си чука, па пак пауза ко ке ми прелапни итн. Направив ЕКГ-се во ред беше напрајв ЕХО и тоа беше се во ред и тероидната ја проверив и таа во ред, и ми рекоја дека е на нервна база и демек немало врска со срцето ама сеуште ми прелапнува и ми ствара нерва и страв.

Ве молам за мислење. Инаку имам 24 год. :)

Одговор:

Ирена,

Обиди се да го намалиш стресот. Можно е навистина да е само поради стрес, но доколку и кога не си под стрес се јавува истиот симптом, тогаш подобро обрати се на кардиолог за подетални испитувања.

Со почит,

д-р Александра Маџароска, доктор на медицина, ( IFPA)

Исхрана

ishrana
За...

Спорт

sport
и здравје

За него

alternativna
и Неа

Убавина

ubavina
здравје

Здравјето

horoskop
низ хороскоп