
Видливоста на абдоменалните мускули (стомачните) се добиваат со понизок процент на телесни масти...
Колку понизок е процентот на масти, толку повидливи ќе бидат стомачните.
Развивањето на стомачните мускули се должи на добар тренинг и затоа популарната изрека "стомачните се прават во кујна, а не во теретана" не е сосема точна. Точно е дека без добар режим на исхрана (односно ако не го извршувате делот во кујната), вежбите за стомачни во теретана се безкорисни. Добро изградените стомачни можат да останат покриени со сало.
Два типа на вежбачи кои трагаат по видливи стомачни
Првиот тип се оние кои мислат - "ако бидам многу дефиниран, моите стомачни ќе бидат видливи", и таквите многу ретко, некогаш и воопшто не вежбаат вежби за стомачните, и се препуштаат само на делот каде што игра улога исхраната.
Вториот тип (кој вклучува голем број на жени) се типови кои ги вежбаат стомачните пола час, па некогаш посветуваат 1 час тренинг за абдоменот, но тие не се свесни за важноста на нискиот процент на масти во телото, или едноставно не вложуваат труд во исхраната која ќе им помогне да ги намалат телесните масти, и на тој начин никогаш не добиваат видливи стомачни.
Двата типа на вежбачи грешат!
Еве ја тајната за да добиете видливи и изразени стомачни мускули - тоа е комбинација од двете - намалување на мастите (за да се изразат мускулите кои се под слоевите сало) и тренирање за да ги развиете стомачните мускули. Ако вашите стомачни не се добро развиени, тие сепак нема да бидат многу изразени, без разлика дали имате низок процент на масти. Треба да ги тренирате еднакво како и сите други мускулни партии.
Кој тип сте вие? Првиот или вториот?
Ако сте првиот тип, кои се навистина посветени на исхраната, а не толку на тренингот за стомачни, дефинитивно е време да почнете да го правите тоа. Ако сте вториот тип кои ги тренираат стомачните како луди, но сепак немаат правилен начин на исхрана, треба повеќе време да посветите во кујната.
Она што треба да станете е третиот тип; тие се оние кои ја знаат важноста на двата фактори. Го практикуваат правилниот начин на исхрана и тренираат јако за да ги развијат, а тие се две пресудни работи за да добиете големи, видливи и дефинирани стомачни. Третиот тип на вежбачи секогаш ги добиваат најдобрите резултати.
| < Пред | Следно > |
|---|


















